Иванов ја префрли топката во Собрание – Партиите во трка за поддршка


Претседателот Иванов даде знак за рестарт на трката за ново мнозинство во Собранието. По крајот на 20 дневниот период во кој ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не успеаја да формираат Влада, сега сите партии се повторно во игра. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со преговори со албанските политички партии. Првиот што ќе обезбеди поддршка од 61 пратеник ќе го добие мандатот

фото - Курир.мк

фото – Курир.мк

Експертите објаснуваат дека со вчерашниот потег Иванов целата одговорност му ја префрли на Собранието, онака како што пропишува Уставот. Според нив, мандатот не дава никаква предност за оној кој го поседува и никако не го спречува другиот да разговара со политичките партии за формирање владина коалиција.

Тоа што мандатот до минатата недела беше кај Груевски не го спречи Заев да остварува средби со раководството на ДУИ, ниту пак да се обиде да договори соработка. Истовремено и денеска, без мандатот од Претседателот, никој не може да го спречи ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да разговара со политичките партии и да ja формира новата Влада.

Пречки за тоа нема ниту во Уставот ниту во законите. Ако ВМРО-ДПМНЕ обезбеди 61 пратеник, Иванов ќе може без проблем мандатот повторно да и го даде на владејачката партија, исто онака како што Глигоров му го дал на Црвенковски во 92, откако претходно, неговиот сопартиец Гошев не успеа да формира Влада. Ова е Решение од Уставниот суд со кое се отфрла барањето на тогашното ВМРО-ДПМНЕ за оценка на Уставноста на постапката на Глигоров, два пати мандатот да и го даде на истата партија. Тогаш Уставниот суд одлучил дека Глигоров, кој постапувал по истиот Устав како и Иванов денеска не направил никакви прекршувања.

По вчерашните консултации со Претседателот Иванов формирањето на новата Влада веќе не е ограничено со никакви рокови, освен оној со 4 годишното траење на пратеничкиот мандат. Во таква ситуација доколку партиите не можат да го договорат најкраткиот пат до ова место, во игра е само една опција а тоа е да се оди на нови предвремени избори. До тогаш, Македонија ќе ја води актуелната техничка Влада.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1