Иванов: Ќе постапувам согласно Уставот и во интерес на државата и граѓаните


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска го прими претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Никола Ивановски.ivanov ustaven pret ivanovski

На средбата Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија.

Претседателот Иванов посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и ќе постапува исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1