Македонската делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов, што денеска присуствуваше комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница била во непосредна близина на инцидентот, каде главна мета на насобрана група граѓани беше српскиот премиер Александар Вучиќ, пренесе МИА.
Претседателот Иванов, не бил цел на напад иако се наоѓал во непосредна близина на инцидентот.
Македонскиот претседател, информираат од неговиот кабинет, бил веднаш до местото на инцидентот и објаснуваат дека за малку е избегната поголема ескалација на ситуацијата, откако српскиот премиер Александар Вучиќ беше нападнат од насобраните граѓани, кои присуствуваа на комеморацијата по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница, во Босна и Херцеговина.
Од кабинетот на претседателот Иванов објаснуваат дека од организаторите на настанот сериозно се разгледувала можноста тој да биде евакуиран, но македонскиот претседател останал до крајот на комеморацијата.