Иванов, Пендаровски, Поповски, Халими во претседателската трка


Иванов против Пендаровски. Вака најверојатно ќе излгеда гласачкото ливче во вториот круг од претседателските избори кои ќе се одржат на 27април.

ivanov- pendarovskiСпоред состојбата на терен, 2 недели порано, на 13 април во првиот круг, граѓаните ќе треба да одлучуваат меѓу 4 кандидати. Покрај Иванов и Пендаровски, учество во предизборната трка си обезбеди и громовецот Зоран Поповски кој прв ги собра потребните потписи како и Илијаз Халими од ДПА кој вчера ја обезбеди граѓанската поддршка.

Во трката за место на гласачкото ливче целта на ја видоа професорката Билјана Ванковска за која мисијата собирање 10.000 потписи се покажа како невозможна, како и лидерот на Достоинство кој на facebook, повеќе среќа си посака на предвремените избори за каде се најави како носител на листата на неговата партија.

Од 4 март стартува периодот од 20 дена пред изборната кампања во кој стапуваат насила новите рестрикции за трошење на јавните средства и настапи на функционерите согласно последните измени во новиот Изборен Законик.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1