Иво Санадер осуден на 4,5 години затвор


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска по четиригодишен судски процес, неправосилно е осуден на 4,5 години затвор по обвинението дека во 2009 примил 17 милиони куни (2,28 милиони евра) „провизија“ при купувањето на зграда од страна на Минстерството за регионален развој, на чие чело тогаш беше Петар Чобанковиќ.

Како што јави ХИНА, според обвинението во случајот „Планинска“ парите отишле на сметка на компанија на Стјепан Фиолиќ, поранешен висок функционер на Хрватската демокаратска заедница (ХДЗ) на Санадер.ivo_sanader_v_238595S1

Санадер нема да оди в затвор се дури пресудата не стане правосилна.

Поранешниот премиер на Хрватска од почетокот на процесот, па се до последното рочиште, ги отфрлаше обвиненијата кои, меѓу другото, беа засновани на признание на Чобанковиќ, кој притоа се спогоди со судот.

Уставниот суд на 25 ноември 2015 ја укина првата пресуда против Санадер од 2012 за случите со „Хипо“ и „Ина МОЛ“. Претходно, Санадер беше притворен во Австрија поради обид за бегство во 2010, по што и беше екстрадиран на Хрватска.

Санадер се бранеше од слобода со кауција од 12,4 милиони куни (1,66 милиони евра).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1