Избегаа 3 затвореници од Идризово – едниот е убиец


Суад Јусуф, еден од двајцата осудени за двократното убиство кај Злокуќани во 2006 година, го искористи викенд отсуството за да избега од казнено поправниот дом Идризово. Тој и уште двајца затвореници, по слободниот викенд, не се вратиле во затворот на доотслужување на казната, јавува Телма.

idrizovo- Директорот на Идризово, Живко Пејковски во телефонски разговор ни го потврди случајот, посочувајќи дека веќе се распишани потерници по тројцата затвореници. Вели дека ова не е прв ваков случај и често се случува затворениците да не се вратат од викенд отсуство. Има правила и критериуми за добивање слободен викенд и сите тројца се регуларно пуштени на отсуство. Ние не можеме да го забраниме тоа, тврди Пејковски.

Суад Јусуф е осуден на 15 години затвор. Тој и Нехад Сулејамни беа обвинети дека се извршители на грозоморното убиство, мотивирано од крвна одмазда, во кое настрадаа Бранко Ивановски и Љупчо Атанасовски. Иако првично беа осудени на доживотен затвор, Врховниот суд ја укина, а Апелацискиот ја ублажи казната. Јусуф и Сулејмани за време на судењето тврдеа дека се невини и дека се осудени без докази.

Од останатите двајца затвореници кои се во бегство, едниот исто така е сторител на тешки кривични дела, за кои е осуден на 15 години затвор, од кои има одлежано девет. Вториот е осуден на една година затвор, а до сега во Идризово минал 7 месеци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1