Вистинска драма настанал на стадионот во Сао Пауло кога снајперист барал дозвола да пука.
Имено на отворање на Мундијаот, полициски снајперист забележал вооружен маж како и се приближува на претседателката на Бразил Дилма Русеф, но се утврдило дека и тој е дел од органите за ред.
На стадионот имало повеќе од 60.000 гледачи, а Русеф го следеше натпреварот меѓу Бразил и Хрватска во друштво на претседателот на ФИФА Сеп Блатер и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун.
Вооружениот маж подоцна бил идентификуван како полицаец кој набрзо го напуштил тој сектор, а изјавил дека истражувал потенцијална закана за бомба.