Избегната голема трагедија – се сруши таван во училница во БиХ


Избегната е голема трагедија откако утрово паднал дел од таван во училница во основото училиште „Хасан Кикиќ“ во местото Тетово, во близина на Зеница, Босна и Херцеговина.ucilnica-bih-640x427

За среќа, немало ученици во училницата бидејќи тие се на пролетен распуст кој е во тек, пишуваат медиумите во таа земја.

– Ова утринава се случило во едно основно училиште и е опoмена за сите нас вакво нешто да не се случи во ниту едно училиште во БиХ. Ако има закана за вакви или слични работи, веднаш реагирајте кај директорот во училиштето додека не биде доцна – напишал на својот профил на Фејсбук Селведин Шатровиќ, претседател на Синдикатот на образованието на БиХ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1