Избегната трагедија: Возачот заспал – автобус полн со Македонци ќе излетал од патот во Грција


Автобус во сопственост на туристичката агенција пет, полн со македонски патници за малку ќе излетал од патот, но само ја изгребал банкината, пренесува Скопјеинфо.avtobusНа речиси половина пат до Скопје се случилa неочекувана ситуација – возачот заспал, удрил во банкината покрај патот, го оштетил возилото и за среќа избегнал поголема несреќа.

Вака на кратко звучи приказната на поголема група граѓани кои на враќање од својот десетдневен одмор на островот Крф доживеале вистинска драма и речиси за конец избегнале поголема несреќна.

Според сведочењето на патници, за многу малку била избегната вистинска катастрофа.

Oд туристичката агенција сепак демантират дека возачот заспал, туку велат дека имало мал несреќен случај во обид возачот да избегне удар со возило кое се обидело да го претекне.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1