Избоден безброј пати: Камерманот открил детали за смртта на Стив Ирвин (Видео)


Џастин Лајонс, камерманот кој ги снимил последните моменти од животот на Стив Ирвин, раскажал како изгледала шокантната смрт на познатиот ловец на крокодили.

Лајонс бил заедно со Ирвин во водата кога пред 8 години го уби ража и дека животното го избодело неговиот другар „безброј пати“ пред да му го зададе смртоносниот удар во срцето. Кога ја виделе ражата, долга 2,5 метри, веднаш ја снимиле, а потоа одлучиле Стив да влезе во водата за Лајонс да го сними како плива крај неа.

stiv irvin

„Одеднаш почна дивјачки да го боде со својот опаш, за само неколку секунди го избоде безброј пати“ – рекол Лајонс во емисијата Студио 10 на истоимената австралиска ТВ мрежа. Тој претпоставува дека на ражата од сенката на Ирвин и’ се причинило дека е тигреста ајкула и реагирала во самоодбрана.

Лајонс некако го извлекол повредениот Стив од водата на чамецот. Раскажал дека ражата имала остра боцка која му „поминала низ градите како низ топол путер“.

„Имаше повреда во пределот на срцето долга околу 2,5 сантиметри, а од неа клокотеше крв. Трпеше многу силни болки. Ражите имаат отров во опашката, и сигурен сум дека болките биле неподносливи“ – рекол Лајонс.

Борејќи се со солзите, Лајонс раскажал дека додека се враќале, друг член на екипата му довикнал да ја стави раката преку раната на Стив и дека му велеле да мисли на своите деца и да издржи.

„Ме погледна смирено и ми рече: ’Умирам’. Тоа беше последното нешто што го кажа“.

Лајонс исто така раскажал и дека Ирвин имал правило според кое екипата со камери требало да снима дури и кога тој е повреден, па со камера бил забележан и нападот, давањето на вештачко дишење, и на крајот неговата смрт.

„Не знам што се случи со таа снимка и се надевам дека никогаш нема да излезе на виделина“ – рекол тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1