Избоден маж лежи пред ТЦ Олимпико, расправија со крвав крај


Непознато лице кое лежело на земја со убодна рана било пронајдено вчера околу 18:40 часот пред трговскиот центар Олимпико.brza pomos

По пријавата од Итна медицинска помош, полицијата утврдила дека се работи за К.А.(37) од с.Крушопек, скопско.

-Имено К.А. по вербална расправија со три лица, која подоцна прераснала во тепачка, од страна на едно лице бил прободен со нож и се здобил со тешки телесни повреди. Еден од осомничените за настанот се пожалил на повреди и бил задржан за понатамошно лекување во Специјална болница за хируршки болести Св.Наум Охридски, додека со останатите двајца осомничени е извршен разговор и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1