Избори: Управен до сега не прифати ниту една тужба


Без прифатени тужби и на вториот ден од работата на Управниот суд. Негативни одлуки од денешните седници добија партиите Левица, СДУ, Демократи и МОРО – Работничка партија.

Станува збор за вкупно 104 тужби, од кои 101 од Левица, кои ги разгледуваа судечките совети од Управен на неколку одвоени расправи.

Партиите се жалеа на изборни нерегуларности, односно за повреда на избирачките права. Од вкупно пристигнатите 185, на дневниот ред на Управен остана расправата по уште четири тужби.

Утре судиите ќе ги разгледуваат двете поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и по една од Демократи и од коалицијата „Никогаш Северна само Македонија”.

Претходно Управен одби и една тужба од партијата Интегра. Одбиени беа и 75 од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои неаздоволни од овие одлуки најавија протест за в понеделник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1