Избрана Хурем – најубава пензионерка во Македонија – Ова е победничката


Паце Милонас (65 години) од Прилеп е најубавата пензионерка во Македонија. Избрана е во конкуренција на неколку стотици пензионери, кои вчера го прославуваа празникот Свети Трифун, на забава во Kавадарци.

593B30CD43FEAA41AD0B5966E84A8644

Прилепската Хурем, како што ја нарекоа, ги победи другите десетина противкандидатки и се закити со ласкава титула, пишува Дневник.

– Многу убаво се чувствувам. Ова ми е драга награда бидејќи докажува дека жените може да бидат убави и во третата доба. И досега сум добивала многу награди за различни работи, сум била избрана и за најдобра и највесела игроорка – вели Паце.

Од организаторот доби тегла маџун и вино. Никогаш не пушела, а пие само вода и чај. Но затоа, пак, многу пешачи и никогаш не се прејадува.

B999D1EBB7F43346A26B41B4941D88A4Паце е во пензија, а била работничка во прилепската печатница. Но нејзината става, рекоа присутните, повеќе личи како да работела цел живот како шефица, велат присутните.

Вели дека на негата не заборава. Ќе продолжи да се негува за да биде убава како и досега. Не се плаши од староста зашто вели дека тоа е нормален период од животот на секој човек.

– Секој период од животот си има своја убавина, па и староста. И во третата доба е убаво, само ако се знае како да се живее – тврди таа.

Целата сторија на Дневник 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1