„Бесплатно издавам стан на Врачар во Белград“, се зборови кои навистина ретко можете да ги видите во огласите.
Сепак, според пишувањето на српските медиуми, дипломираниот правник, Славко Давитковиќ (60) е подготвен неговиот стан од 60 метри квадратни да го даде на користење без паричен надомест, а за возврат бара само едно – работа.
Овој 60-годишен правник со богато работно искуство од 2013 година кога бил прогласен за технолошки вишок во Агенцијата за просторно планирање, не може никаде да се вработи заради годините. Кога сфатил дека поинаку не може, се одлучил на овој начин да привлече потенцијални работодавци.