Лекарите на Детската клиника во Крагујевац, Србија се борат за животот на 6 месечното бебе кое вчера било примено во тешка состојба. Бебето е приклучено на апарати за дишење и неговата состојба е критична.
При анализата на урината и крвта, утврдено е дека бебето во себе има траги од наркотици.
Имено, мајката и таткото на бебето биле регистрирани наркозависници, а се претпоставува дека дрогата во организмот на детето дошла преку мајчиното млеко.
Таткото (31) и мајката (29) се приведени во полиција и по сослушувањето се пуштени на слобода.