Големиот пожар што го зафати хотелскиот комплекс „Порто Карас“ во Неос Мармарис, Грција е изгаснат и македонските туристи се надвор од опасност
Пожарот ја зафати шумата која е во близина на Порто Карас, на грчкиот полуостов Халкидики, но по брзо време бил локализиран.
Пожарот ја зафати ниската шума и грмушките, но и ветерот во значајна мерка ги отежнуваше напорите на пожарникарите кои стигнаа на местото да го гаснат пожарот. Во гаснењето на пожарот учестуват и канадери.