Пратениците на собраниска седница денеска ги изгласааа предлог-измените на Законот за азил. Измените се усвоија со 69 гласа „За“ и ниту еден против.
Веќе им се дадени интрукции на полицајците и скоро сите мигранти кои денеска транзитираат низ земјава се качуваат во возовите.Новите измени предвидуваат мигрантите кои ќе ја поминат границата за 72 часа или да ја напуштат Македонија или да побараат азил од првиот полицаец што што ќе го сретнат, а за време на нивниот престој ќе имаат право да користат јавен превоз.
Од почетокот на годинава, досега, околу 30 мигранти, главно од Сирија и Авганистан, ги загубија животите во несреќи на македонските пруги.
Од министерството за здравство денеска информираа дека донесена е одлука да се вакцинираат сите мигранти кои ќе престојуваат во Македонија, а комисијата за заразни болести подготвува план за имунизација.