Изгледа мислат дека сме глупави? – Какви се попустите за „ЦрнПеток“ во Македонија


Македонските граѓани денеска имаа можност да шопингуваат на таканаречениот ,,ЦрнПеток,, ден во светот познат по огромни попусти. А кај нас???

Кај нас важи народната – видела жабата дека на коњот му ставаат потковица па и таа ја кренала ногата.

Иако на голема врата го најавуваа македонскиот црн петок – во реалноста тотално разочарување за потрошувачите. Во популарниот Сити мол во половина продавници воопшто немаше попуст а во оние кои имаше попустот смешен.popust

Една продавница цела излепена дека има 50 % попуст – а кога ќе влезете уште при влезот напишано попуст да ама ако купите 2 работи третата ќе ви ја даделе со 50 %попуст.

Според повеќето купувачи ова е навреда за нив. Изгледа мислат дека сме глупави, немам што друго да прокоментирам. Која е поентата да прогласат Црн Петок во цел трговски а попуст во неколку продавници и тоа смешен, коментира Ирена која го посетила денес трговскиот само поради најавениот Црн Петок.

 

Црниот петок во САД е по Денот на благодарноста , и се очекува американците да потрошат околу 50 милијарди долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1