Поради недостиг на мед, зголемените температури, растот на цените на други производи и правењето на медот според законските прописи, цената на медот во Македонија порасна за 40% или една тегла мед денеска на битолскиот пазар се продаваше од 270 до 300 денари. Продавачите, барем оние кои што сакаа да зборуваат пред камерата на ТЕРА, велат дека и покрај високата цена сепак задоволни се од продажбата
Природниот Витамин Ц како што е познат кај народот , но и како голем освежувач особено на пеколните горештини, стана речиси недостапен за граѓаните. Лимонот веќе подолг период се продава по цена од 130 до 150 денари. Причината за високата цена на лимонот,трговците ја гледаат во дефицитот на овој производ но и во неговата висока набавна цена
„ Има недостиг на лимони па поради тоа мислам дека е толку висока цената на производот“
Граѓаните кои што ги анкетиравме велат дека основни производи за да водат здрав начин на живот биле медот и лимоните. Додаваат дека и покрај високата цена одвојувале од својот буџетот за да ги купат. Ако порано купувале по еден до двв килограми лимони, сега купуваат два до три лимони.
„ Знаеме дека се многу скапи, но за здрав живот мора да се конзумираат овие два производи. Сега купуваме по еден до два лимони“, вели купувач
Познавачите причината за високата цена на лимонот ја гледаат во тоа што Аргентина која што е најголемиот производител на лимон во светот и која ја снабдува Европа во периодот од јуни до септември , имала лоша сезона. ЗА да се стабилизирала цената на лимот се очекува да пристигне турскиот лимон . А што се однесува до медот во моментов македонците сепак консумираат најевтин и најквалитетен мед во балканскиот регион. Во Грција цената е 12 евра, во Србија 8 евра, а во Македонија 5,5 евра.
Tv Tera