Автобус комплетно изгоре денес, откако се запали на неколку километри од преминот „Стража“, на потегот од Охрид кон Скопје, пренесе Охридпрес.
Неофицијално станува збор за српски автобус. Во незгодата, според првичните информации нема повредени патници.
Нема потврда за причините поради кои настанал пожарот во кој комплетно изгоре возилото.
Повеќе информации се најавени во текот на утрешниот ден.