Изгоре дете во семејна куќа во струшкото село Ново Село


Тригодишно дете од струшкото село Ново Село починало, поради тешки изгореници, кои ги добило во пожар кој избувнал во семејниот дом.

Според информациите од МВР во текот на вчерашниот ден, околу 11 часот, во семејниот дом на 32-годишниот Г.И. од засега непознати причини настанал пожар, при што во куќата била неговата три годишна ќерка, која се здобила со изгореници.

– Девојчето во тешка здравствена состојба било пренесено во Медицинскиот центар во Струга, од каде поради сериозноста на повредите требало да биде транспортирана во болница во Скопје, но пред Кичево состојбата и се влошила, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево, каде во 14.20 часот починала. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. Во согласност со Јавен обвинител телото на починатото девојче е предадено на семејството за погреб, информираат од МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1