Речиси до темел изгоре хотелот Д Хаус или екс Гранит на Попова Шапка. На пожарникарите им требале повеќе од половина час да стигнат до местото на пожарот. Кога пристигнале, едното возило на Пожарната од Тетово се расипало, па останало само уште едно кое можело да го третира пожарот. Но, според очевидците, и без тоа било доцна бидејќи поради долгото чекање малиот хотел изгорел речиси до темел, jави Нова тв.
Според неговите првични информации од теренот, огнот најпрво се појавил во ресторантскиот дел, за потоа да се прошири на целиот објект зафаќајќи ја и покривната конструкција. Според очевидци, пред да избие пожарот се слушнала експлозија, се претпоставува од гас или од бојлер, а се запалила и шумата во близина.
Во гасењето на пожарот учествувале две возила на тетовската противпожарна територијална единица, а просторот го обезедуваат полицајци од полицискта станица на Попова Шапка.
„Локализирањето на пожарот е во завршна фаза и допрва претстои увид од стручни екипи кои треба да утврдат што е изгорено и евентуалните причини за избувнување на огнот, како и да се подигнат траги за вештачење, рече Јосифовски.