Во куќа на улицата „Плоштад 29 ноември“ во Струмица попладнево изби пожар во кој во последен момент е спасено слепо момче кое било само во куќата.
Пожарот избувнал околу 16 часот при што целосно е уништен покривот на трикатната куќа. Откако бил забележан пожарот, соседите успеале да го извлечат слепото момче.
Интервенирала Територијалната противпожарна бригада од Струмица со две противпожарни возила и до 17 часот пожарот е ставен под контрола.
Причините за пожарот засега се непознати.