Планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер изгоре вчера вечер во силен пожар пишува дневниот весник „Дневник“. Пожарот беснеел до доцна во ноќта и нанел големи штети врз туристичкиот објект.
Како што јавува дописнкиот на „Дневник“ огнот не се проширил врз околната шума и хотелот „Молика“ кој е оддалечен 500 метри „Копанки“.
Планинарскиот дом, пред пожарот, забележал рекордна посета посебно од млади битолчани, а била организирана и забава со диџеи во неделата.
Домот на надморска височина од 1600 метри беше изграден пред повеќе од 50 години од страна на група битолски планинари кои дел од градежните материјали го носеа на раце. Располагаше со 16 соби за сместување, а во негова близина е и ски патеката „Копанки“.
Дневник