Земјата е во многу тешка стратегиска ситуација. Не треба да зборавиме дека покрај сите овие разговори ние се соочуваме со избори и сериозна миграциона криза во Европа. Она што го видовме во 2015 ќе продолжи и во 2016. И ако ги земеме во предвид разговорите, многу ервопски земји велат: зголемена е тенденцијата на затворање на границите и тоа може да има директен ефект врз ситуацијата тука во државата И затоа верувам дека Владата, целата политичка елита,Собранието, треба да обрне големо внимание на оваа многу сериозна ситуација.
Но исто така станува збор и за економската ситуација и евро-атланската перспектива, каде што верувам дека силна и решителна Влада која што може да носи одлуки е многу значајна. Но денеска не беше возможно да се постигне договор, на начин на кој сите 4 политички партии се посветени на избори на 24 април, како што беше договорено од договорот јуни/јули. Претпоставувам дека трите партии ќе се држат на договореното исто така очекувам, ни помалку од тоа, дека сите политички партии се сеуште посветени на договорот од јуни/јули, затоа што истиот покрива голем број елементи и цели кои се многу значајни за перспективата на земјата во иднина и затоа мора да работат на тоа. Јас исто така ги убедувам сите а тоа го зборам и јавно, дека институциите на ЕУ остануваат посветени да и помогнат на државата.
А тоа е и причината зошто јас побарав од Ван Хојте да дојде и да даде максимум и да се обиде да олесни, да посредува во преговорите, како на пример кога станува збор за медиумите, сметам дека е значајно да се работи на тоа и тој ми вети дека ќе го направи тоа. На крај сакам да ги уверам сите граѓани дека која и да биде конечната одлука од политичките партии за да се има предвремени избори,ние ќе го распределиме персоналот на европските институции и организации, во периодот на кампањата, мониторингот, ќе дадеме поддршка и за време на изборите да ги надгледуваат, или ако сакате да ги контролираат подготовките но исто и целата ситуација во државата за време на изборите. ОДИХР ќе биде присутен. Во четвртокот има контакт со директорот на ОДИХР, господин Линк и со генералниот секретар на ОБСЕ.
И двајцата ми потврдија дека доколку сите во државата се посветени ќе биде возможно да се спроведат фер, транспарентни и демократски избори, според нашите европски и меѓународни стандарди. На секој начин на кој европските институции, ОБСЕ, ОДИХР, Европската комисија… можат да помогнат да се направи, тие ќе бидат таму и јас повторно ќе дојдам. Но сега останува политичките партии да донесат одлуки. Јас само можам поттикнам сите да партиципираат на изборите. Да се има слободни избори е достигнување за кое треба да се погрижиме и истите да бидат одржани на начин на кој ние очекуваме но и на стандардите. И ако тоа се случи јас ги повикувам/поттикнувам сите партии да учествуваат на изборите со цел да се обезбеди политичка ситуација. Ова е значајно да се подвлече со оглед на предизвиците со кои се соочува државата во следниве неколку месеци.
Дали веќе не важи договорот од Пржино?
-Не. Договорот важи. Уште еднаш ќе повторам, а ова беше и пораката која ја упатив до сите клучни играчи: Очекувам сите партии да останат посветени на договорот од Пржино.
Можеме ли да очекуваме, со оглед на сегашната ситуација, да бидат спроведени транспарентни избори во април? Дали е можно да имаме избори со оглед на она што е постигнато до сега?
-Уште еднаш ќе повторам, а тоа беше подвлечено и во соопштението за јавноста на ОДИХР/ОБСЕ, каде се наведува дека тоа може да биде возможно. Државата само по себе ги превеземе потребните мерки, обезбедени се потребните средства за да се обезбеди потребниот персонал. Премиерот денеска даде предлог за да се удвојат човечките ресурси, опремата со цел да се гарантира еднаквост за изборите. но јас не можам да го предвидам исходот, можам само да гарантирам дека европските институции се тука, даваат поддршка и да надгледуваат и доколку увидат дека нешто се движи во погрешна насока, да го „дигнат знамето“. Пак ќе подвлечам, доколку сите се посветени.
Дали може да потврдите дека ќе има избори во април?
-Ако не грешам, ова беше мислење на трите политчки партии, но сега останува на нив да донесат потребните одлуки.
Дали може да се одложи датумот на избори?
-Оваа одлука треба да ја сонесат релевантните авторитети на дравата а тоа е Собранито. Ние како европејци можеме само да дадеме поддршка да го дигнеме гласот ние нема да криеме доколку веруваме дека не може да се гарантираат изборите или ако имаме индикации дека е можно да има проблем, но тоа е во моментов хипотетички. Можам да ве уверам дека ОДИХР ќе распредели 24 постојани набљудувачи во подготвителниот прериод на изборите. за да имате подобра слика што значи тоа ќе ви го дадам овој пример: ОДИХР распредели 30 набљудувачи во предиборниот птоцес во Турција. Тоа значи дека во Турција беа 30 а за Македонија ќе има 24.
Кое е вашето мислење по однос на тоа дали можеме да имаме демократкси избори?
-Се надевам дека ќе се задржат на тоа. Опозицијата ни помалку ни повеќе се обврза да учествува. А во вистинска и функционална демократија имате Влада и силна опозиција. Во Европа, било каде и да се случеле политички проблеми, најчесто биле поради слаба опозиција. Па така за да имате функционална демократија мора да ги имате двата елементи: добра функционална Влада но и силна и посветена опозиција.
Се дискутираше за медиумите без присутсво на медиуми. Која е пораката на ЕУ?
-Ние имавме разговори и сега информираме за се што се зборувало. Исто така и граѓаните не учествуваат во овие разговори,но нивните одлуки можат да ги кажат на престојните избори. Ова е тоа што значи репрезентативна демократија. Можете да донесете одлука на избори, можете да се кандидирате, можете да го дигнете гласот, а може и да бидеде член на политичките партии.