Во Полициската станица Ѓорче Петров С.Т.(79) од Скопје пријавил дека во текот на месец јануари 2018 година преку негов пријател се запознал со лицето Х.Ф., кој се претставил дека е висок функционер во МВР, како и дека има блиски контакти со високи функционери од Владата, доведувајќи го во заблуда оштетениот дека ќе издејствува неговата сопруга пред време да земе пензија, информираат од МВР.
-Сторителот во два наврати за истото земал од С.Т. 76,000 денари. Откако оштетениот извршил проверки во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, видел дека барање за пензија на неговата сопруга не е поднесено и сфатил дека е измамен, посочуваат од полицијата.
Полицијата презема мерки за расчитување на случајот.