Излажан Македонец дал пари на лажниот Сергеј Трифуновиќ


Македонски државјанин бил голем обожавател на популарниот актер, а лажниот Сергеј Трифуновиќ го излажал за 2.500 евра. Излажаниот Македонец, покрај тоа што му дал пари за поддршка на Фондацијата, дал средства и за „операција на неговиот татко“, пренесува српски Блиц.

Филип Јуришиќ од Шабац, кој пред два дена е уапсен поради сомнение дека ги мамел луѓето, лажно се претставувал како Сергеј Трифуновиќ, бил во контакт со излажаниот Македонец неколку месеци.sergej

„Македонецот бил воодушевен бидејќи воспоставил контакт со омилениот актер, а Јуришиќ на почетокот, вешто ги криел вистинските намери. На жртвата и го дал својот телефонски број, се слушнале неколку пати, го повикал да дојде во Белград, му ветувал излегување во „Скадарлија“. Жртвата била воодушевена и кога Јуришиќ од него побарал финансиска помош за Фондацијата „Поддржи го животот“, жртвата не се посомневала во измамата. Бил воодушевен да помогне, планирал доаѓање во Белград, средба со омилениот актер. Јуришиќ, тогаш, вешто ја избегнал средбата. На жртвата и рекол дека има проблеми, дека има болен татко кого го води на операција и дека е во финансиска криза.

И тука Мекедонецот решил да помогне, па повторно исратил пари за помош на таткото на Сергеј. Во двата наврати парите ги испраќал според упатставта, на име на Филип Јуришиќ, за кого измамникот му тврдел дека е член на Фондацијата и дека е тоа најбрз и најсигурен начин за трансфер. Во двете трансакции, Филип Јуришиќ подигнал 2.500 евра, испратени од Македонија.
Измамата на Јуришиќ е откриена кога жртвата му се обратила на вистинскиот Сергеј Трифуновиќ. Тој веднаш ја повикал полицијата, која мошне бргу го привела Јуришиќ. Тој е однесен на сослушување во Обвинителството за високо-технолошки криминал. Полицијата испитува дали има уште измамени граѓани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1