Излегувал од штабот на ДУИ: Познат идентитетот на убиениот во пресметката во Мала Речица


Едно лице загина, а двајца се повредени. Наип Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва во Мала Речица е убиено, неофицијално информира весникот на албански јазик КОХА, а рането било уште едно лице исто така од Куманово. Според она што е досега познато, непознати лица кои биле во два различни автомобили, застанале на улица и почнале пресметка со огнено оружје.

Весникот пишува дека жртвите биле застрелани на излегување од штабот на ДУИ. Тие се уптаиле кон главниот пат каде што настанало и убиството на кое му претходела групна тепачка во која според информациите на весникот се користеле и ножеви.

Неофицијалните извори на весникот велат дека судирот бил помеѓу две ривалски политички групи од Куманово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1