Иако денешниот изборен ден помина во мирна атмосфера, сепак голем проблем за земјава претставува малата излезност на гласачите.
Како што соопшти Државната изборна комисија, до 18 часот одѕивот од гласањето е скромни 38,2% и станува збор еден од најмалите одѕиви во историјата на нашата земја.
По затворањето на избирачките места ширум државава, од штабот на кандидатот за претседател на Алијанса за Албанците и Движењето Беса, Блерим Река, не ја криеја својата загриженост од малата излезност.
„Загрижувачки е фактот што излезноста е многу мала. Ова е потврда на нашата платформа дека една четвртина од земјата е иселена. Тоа е загрижувачки. Инаку, нашиот впечаток е дека изборите поминаа во фер атмосфера, со мали инциденти“, соопштија од штабот на претседателскиот кандидат Блерим Река.