Излезноста утрово е 10%, прекин во Долнени, лажна пропаганда во Центар


Излезноста на ниво на држава до 10 часот во трите општини каде се прегласува и во Долнени каде има втор круг од локалните избори, е 10,89 отсто, додека излезноста на ниво на Град Скопје е 11,05 отсто, информираат од Државната изборна комисија.

dik izboriНајвисока излезност има во Долнени.  Најмала излезност според Дик има во Струга каде од 7.885 граѓани гласале само 559 (7,09 отсто)

Oд ДИК велат дека не се пријавени изборни неправилности.

Според информации од МОСТ пак имало 20-минутен прекин на гласањето на гласачко место 1490 во општина Долнени. Како што стои во соопштението на МОСТ, болно и изнемоштено лице дошло да гласа со придружба, по што реагирал партиски набљудувач и не дозволувал лицето да гласа на тој начин.

Од МОСТ забележале во општина Центар расфрлан пропаганден материјал со дезинформации за денот на одржувањето на изборите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1