Двајца измамници му рекле на скопјанец дека им требаат пари за абортус на ќерката, при што тој им дал 1.000 евра, информираа од МВР.
Вчера во 15.10 часот во ПС Центар, Ј.К. (71) од Скопје пријавил дека истиот ден во времето меѓу 14 и 15 часот на улица Владимир Положано, бил измамен од две непознати машки лица. Додека тој се движел кон пазарот „Буњаковец“ му пришле двете лица од кои повозрасното лице му рекло дека се странци и дека немаат денари коишто му биле потребни за да и ги даде на жена му заради наводен абортус на нивната ќерка.
Скопјанецот од банка во близина извадил 60.000 денари му ги дал на едното лице, кое пак, за возврат како залог му дало наводно златен синџир (копија на злато), по што измамниците заминале и не се вратиле.