Измамници на Стружанец му ветувале дека за 10.000 евра ќе средат дозвола за превоз


Измамници се претставувуавле како вработени во Министерството за транспорт и врски и му ветувале на стружанец дека за 10.000 евра ќе му средат неговите фирми да добијат две линии за вршење на меѓународен превоз на лица.lisice-hapsenje-1332406808-138190

Министерството за транспорт и врски, распишал оглас за распределба на меѓуопштински и возни редови, на којшто аплицирал стружанецот, управител на две фирми од Струга. Но, на прелиминарна листа која била јавно објавена на веб страна на Министерство за транспорт и врски, неговите фирми биле одбиени.

Тетовец заедно со уште пет лица од Скопје и Тетово ја направиле измамата, така што му се јавиле на стружанецот и еден од нив му се претставил како директор. Му рекле дека ќе му средат работа, само да им даде 10.000 евра.

Стружанецот му дал 5.000 евра, а пред да му ги даде остатокот од парите, поднел Записник за прием на кривична пријава, за кривично дело “измама“ против лицата Зоран Н. и Елена Н. од Скопје, при што од страна на ЕЕКК биле превземени сеопфатни мерки и активности. Против измамниците се поднесени кривични пријави, а на полицијата и се добро познати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1