Измислија машина која ги чита соништата


Јапонски научници програмирале компјутер кој ги „чита“ соништата на луѓето, пренесува Daily Mail

Тие тврдат дека нивниот изум „фаќач на соништа“ во 60 отсто од случаите е точен. Иако тоа знаи дека сеуште сме далеку од стварност каква што е претставена во филмот Inception, стручњаците се сложуваат дека станува збор за исклучително откритие.

dreaming-of-my-mother-270Делото објавено во магазинот Science почнало во Јапонија со скенирање на мозоци на три волонтери во текот на спиењето. Секои шест или седум минути, научниците ги буделе и барале да им опишат што сонувале. Процесот е повторуван се додека секој учесник не се сетил барем на 200 сонови.

Еден поспан испитаник рекол: „Од небото, видов нешто како бронзена статуа, голема бронзена сатуа. Бронзената статуа стоела на мал брег. По брдото имаше куќа, улица и дрвја“.

Друг волонтер раскажал: „Сокрив клуч помеѓу столици и кревет и некој го зема“.

Описите се анализирани и клучните теми од секој учесник се сместени во 20 категории (на пример, маж, жена, алат, книга, автомобил…). Потоа испитаниците потполно будни гледале фотографии кои одговараат на активноста за секоја категорија. Во финалниот дел од експериментот, компјутерот го применил знаењето, така што се обидел да го декодира скенерот на мозокот на заспаниот волонтер.

На изненадување на научниците, компјутерот идентификувал вид на слик која поединеот ја сонувал во 60 отсто од случаите. Ова е одличен експеримент, смета Јукијасу Камитани, водач на истражувањето од Невролошката лабараторија во Кјото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1