Американската козметичка компанија Осмосис го претстави чудото од производ за заштита од сонце наречено Хармонајзд H20. Станува збор за течност која се пие и гаратира сигурна заштита од сончевите зраци во следните три часа.
Всушност од течноста се внесуваат само 2 милилитри кои потоа до 97 отсто гарантираат заштита од УВА и УВБ зраците, а дополнително се спречува и појавата на црвенило и изгореници на кожата предизвикани од прекумерно изложувањето на сонце.
Производот чека одобрување од Федералната агенција за лекови и Британската асоцијација на дерматолозите, но и веќе има задоволни клиенти.
Хармонајзд може да се купи за 30 долари (шишенце од 100 мл) на Интернет, а се нуди во две варијанти – „тен“ за оние кои сакаат убава боја на кожата и „без тен“ за оние кои не сакаат да фатат боја.