Иноваторот од Пирот Јовица Перишиќ конструирал специјален камин на цврсто гориво, која што троши значително помалку гориво. Конкретно конструираната печка троши од 30 – 50% помалку огревно дрво, но во исто време го намали загадувањето кое што се јавува во текот на горењето на дрвото.
Според иноваторот, наместо класичниот чад кој што се јавува во текот на согорување, кој што содржи голем број на отровни и канцерогени материи, од каминот излегува чад кој што наликува на водена пареа.
Благодарејќи на оваа печка, фамилијата на Јовица Перишиќ, која што се грее на дрво, за греење на еден кат кој што има површина од 45 метри квадратни троши 3 кубици дрва.
„Печката ја конструирава во 2011 година и истата е тестирана од страна на експертите од Машинскиот факултет од Ниш и сите те беа одушевени со фактот дека од печката излегува чад кој што содржи минимални количества на штетни гасови во споредба со класичните печки на дрва. Димот кој што излегува од стандардните печки на дрва содржи голем број на експлозивни гасови, јаглерод – моноксид, азотни оксиди, водород и други штетни гасови. Кај стандардните печки овие гасови кој што дополнително содржат ситни честички кој што ја загадуваат човековата средина“, изјави Пешиќ.
Тој додаде, дека печката која што ја конструирал ги искористува овие експлозивни гасови и во контролиран процес ги гори во печката.