Времето кочан ладно – Скопјани измрзнаа и за да се заеграт вклучуваат клими, греалки, а со тоа до небо одат и сметките за струја. А уредно цела година си плаќаат сметки за парно кои и не се така мали, а становите повторно ладно пред стартот на грејната сезона.
Можно е Градот Скопје, зависно од временските услови, да покрене иницијатива со која ќе си ги врати ингеренциите да одлучува за порано почнување на грејната сезона.
Како што изјави денеска градоначалникот Коце Трајановски, Советот за ова разговарал повеќепати и допрва ќе го разледува.
– За оваа работа се дискутирало и сигурно ќе биде една од нашите активности во следниот период, рече Трајановски кој присуствуваше на акцијата „Читај книга и подари здравје“ во библиотеката „Браќа Миладиновци“.