Извикувал „Алах акбар“ и се обидел да прегази пешаци во Виена


Еден маж од турско потекло вчера со својот автомобил се обидел да прегази пешаци во Виена, јави Танјуг.

Извикувајќи низ прозорецот од автомобилот „Алах акбар“, тој влегол на плоштад каде се упатил кон пешаците со намера да ги прегази, а тие, за среќа, успеале да го избегнат возилото.viena-300x232

Четири патроли на полицијата, што биле повикани од очевидците, успеале да го запрат родениот Виенчанец, кој на задното седиште имал Куран, пренесоа австриските медиуми.

Овој инцидент потсетува на масакрот што лани го стори Ален Ризвановиќ од Грац, кој денеска е осуден на казна доживотен затвор. Имено, Ризвановиќ пред повеќе од една година со својот џип намерно прегази пешаци во центарот на Грац, усмртувајќи три лица и повредувајќи повеќе од 50.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1