Вчера околу 17 часот на машката плажа во Струга дваесетгодишнно момче од Кичево почнало да се дави, јавува локалната телевизија „Спектра“.
Благодарение на брзата интервенција на жител од Лабуништа давеникот бил успешно извлечен од водите на Охридското Езеро и реанимиран.
Давеникот веднаш бил пренесен во градската болница во Струга.