Извршниот директор на винарница од Тиквешијата „Сковин“, Перо Моцан, си дал оставка од функцијата, дознава „Нетпрес“.
Неофицијално, причината за тоа е што неколку месеци вработените не земале плата. Финансиската состојба на винаријата не е баш на завидно ниво, а извори за „Нетпрес“ велат дека извршители веќе им ги блокирале и резервоарите за вино.
Минатата година, медиумите пишуваа дека на „Сковин“ и беше одземена лиценцата поради неплатено грозје, и дека должи 1,5 милион евра. Тогаш винарницата се правдаше дека главната причина за неисплатено грозје до истекот на законскиот рок била слабата продажба на вино.
Netpress