Гуд е едно од трите деца на Јариме, припадничка на племето Јаномами од Венецуела и на Кенет Гуд, професор по антропологија од САД
Американецот Дејвид Гуд ја пронашол својата мајка во џунглата на Амазон откако видел нејзина фотографија на изложба.
Гуд е едно од трите деца на Јариме, припадничка на племето Јаномами од Венецуела и на Кенет Гуд, професор по антропологија од САД.
Татко му го запознал племето уште додека бил студент, пред повеќе од 30 години и се враќал толку често што започнале да го сметаат за еден од нив.
Тогаш му понудиле и жена – Јариме – и тие двајца се венчале. Кога се вратил во САД тој со себе ја земал и Јариме на која промената многу тешко и паднала. Бидејќи никогаш претходно до тој момент не била во допир со техника таа била тотално збунета, уплашена и убедена дека автомобилите се подивени животни.
Во 1991-ва година потпишале договор за снимање на филм за враќањето на целото семејство во Венецуела, вклучувајќи го и Дејвид, неговата помлада сестра Ванеса и помалиот брат Даниел. Додека биле таму, Јарима донела болна одлука – никогаш повеќе да не се врати во Америка.
Години подоцна, Дејвид го посетил Природонаучниот музеј каде што видел огромна фотографија од својата мајка.
– Се вкочанив. Како целата крв да истече од мене, изјавил Дејвид.
По турбулентниот период на адолесценцијата, младиот Дејвид најпосле бил подготвен да ја слушне мајчината верзија на приказната.
Одлучил да замине и да ја побара во Венецуела. Кога се појавила од џунглата, Дејвид веднаш го препознал нејзиниот лик и и се обратил: “Мамо, пристигнав дома, долго време ми требаше, но успеав!”
Двајцата заплакале, а Дејвид одлучил тука да остане.
– Најсреќен сум кога по напорната работа во градината уживам во својата лулашка покрај огништето”, изјавил тој и истакнал дека племето не ги знае проблемите кои го мачат современото друштво.