„Ја баравме во болници, а ќерка ми била во капела“- потресно сведоштво од Србија


Валентина Стаменковиќ (16) од Драјинци загинала вчера во директен судир межу „југо“ и „поло“ на патот Књажевец – Сврљиг.

Валентина, ученик во Економското училиште во Сврљиг била сопатник во „југото“, во кое повредени биле и нејзината тетка, а сериозно повреден е и возачот. Возачот и совозачот во „полото“ поминале со полесни повреди.golema-tragedija-srbijaa500

Извори блиски до истрагата откриваат дека до оваа трагична сообраќајна несреќа дошло, бидејќи “југото” поради брзо возење се излизгало и удрило директно во “полото”.

Милица, мајката на Валентина се уште не може да поверува дека нејзината ќерка загинала.

– Ни беше кажано дека Валентина е повредена во сообраќајна несреќа и дека со Брза помош е пренесена во Ниш. Дури во Ниш дознавме дека нашата ќерка е почината. Баравме низ сите болници, а моето дете го однеле во капела, низ солзи изјавила мајката Милица.

Непосредно пред судирот Валентина се допишувала со својата најдобра другарка и се пофалила дека одлично се забавува.

„Никој ништо не ни може, посилни сме од судбината – напишала Валентина, алудирајќи на една позната песна.

По неколку секунди веќе била мртва.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1