Ја читал „Мајн Кампф“ на работа па добил отказ


Еден службеник во Берлин добил отказ затоа што било откриено дека на работа го читал оргиналниот текст на „Мајн Кампф“ од Адолф Хитлер.
Мажот во собата за одмор го читал изворниот примерок на книгата „Моја Борба“ која инаку е забранета во Германија, во која Хитлер ја изложува својата расистичка идеологија и антисемитизам.
Службеникот ја тужел државата дека пред отказот требало да добие опомена, но судот одлучил дека отказот е законит.
Судијата објаснил дека работодавачот во случај на таков тежок пркршок не е законски обврзан да го опомене пред отказот и дека имал право да го отпушти службеникот по кратка постапка.
Вработениот работи воуниформа која ја претставува државата, Берлиг и со тоа е должен да се држи до налечата на слободниот демократски устав, рекол судијата.
– Јавно читајќи ја книгата со нацистички симбол на корицата, службеникот јавно се откажал од правото да добие опомена пред отказот, додал судијата.
Отпуштениот работник нема право на жалба на вишиот сојузен суд.
Нацистичкиот диктатот Адолф Хитлер во 1924 година ја напишал книгата „Мајн кампф“ во која изложува политички и идеолошки ставови кои подоцна станале начела на нацистичката идеологија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1