Тара Палмер-Томпкинсон (45), познатата британска старлета и кума на принцот Чарлс, позната по развратен живот, била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Кенсингтон.
Тара е една од првите старлети. Таа стекна голема популарност во деведесетите години.
Пишуваше колумни за „Сандеј Тајмс“, се појавуваше во реални шоуа, а не криеше ниту дека е зависник од дрога. Речиси сите ја паметат нејзината операција на носот, бидејќи потполно го уништила од кокаин. Неколку пати заврши на рехабилитација, по што повторно се враќаше на пороците.
Последните години се повлече од јавниот живот и живееше мирно. Започна да работи со модата и откри дека сака да има дете, но никогаш не стана мајка. Минатата година и најдоа тумор во мозокот, па својата популарност ја користеше да ја подигне свеста за оваа болест.
Принцот Чарлс и кралското семејство, изразија длабоко сочувство за смртта на Тара.