Ја фатил за гради, па ја истепал – нападнато 17-годишно девојче во Битола


Вчера околу 12.00 часот на ул.„Бистра“ во Битола, седумнаесетгодишно девојче, кое било во друштво со нејзиниот другар Д.Ј., биле пресретнати од В.К. (46). Тој застанал пред малолетничката и со рака ја фатил во пределот на градите.bitola

Другарот на девојчето со раце го отурнал В.К., кој извадил синџир и го удрил Д.Ј. во пределот на главата. Потоа уште неколку пати го удрил девојчето во пределот на раката и лицето, а исто така, уште неколку пати го удрил Д.Ј.

По пријавувањето на настанот, од страна на полициски службеници од ПС-Битола, В.К. е пронајден и лишен од слобода.

По целосно документирање на настанот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1