Ја изгубила бурмата, па ја пронашла во желудникот на бебето! (ФОТО)


Кога забележала дека ѝ го нема венчалниот прстен, жена од Сиетл ја пребарала целата куќа во намера да го пронајде. По неуспехот, на сопругот му паднало напамет дека цело време барале на погрешно место.

Го однеле своето 14-месчно дете во болница, каде на рендген снимката се покажало дека во желудникот на бебето навистина се наоѓа прстен. Лекарите по осумчасовно набљудување го пуштиле бебето дома, посочувајќи им на родителите да ја остават природата да ја одработи својата работа.Prsten SKENER

На социјалната мрежа Редит, таткото ја поставил снимката од стомакот на детето кадешто јасно се гледа прстен во него,

Лекарите на родителите им рекле да почекаат две недели, и дека, ако детето дотогаш од себе не го исфрли туѓиот предмет, тогаш ќе мора по хируршки пат да го извадат прстенот од бебето.

По неколку дена и десетина прегледани пелени, родителите можеле да здивнат, бидејќи детето навистина по природен пат го исфрлило прстенот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1