Ја излажале цела Србија: Наменска сметка за малата Тијана никогаш не ни постоела


Небојша и Јелена Огњановиќ, родителите на малата Тијана (8), која почина на 15. јули во болницата во Хјустон, најверојатно од 3. декември и официјално ќе можат да ги користат парите што граѓаните ги собраа со хуманитарната акција за помош на нивната ќерка. Станува збор за пари на три сметки и според претпоставките станува збор за околу 1,6 милиони евра, објавија српските медиуми.

tijanaНебојша и неговата сопруга Јелена вчера на рочиштето дошле сами, без адвокат и му предложиле на судот дека покрај двете сметки на име на Тијана, во постапката треба да се вклучи и спорната сметка на мајката на Тијана, Јелена.

– За нас, неспорно е дека ова се пари кои ѝ припаѓаат на Тијана и затоа бараме да бидат дел од оставнината. Ние не можевме парите што останаа да ги префлиме на сметката на Тијана, затоа што се блокирани  – изјавил вчера Небојша Огњановиќ пред судијата.

Тој објаснил дека сметката е отворена на име на мајката, бидејќи тоа бил единствениот начин да се платат трошоците за Тијана додека престојувала во Хјустон.

-Наменските сметки не се конкретно утврдени со закон и како такви не постојат, туку станува збор за обична тековна сметка, која може или не мора да има намена. изјавил Горан Миличевиќ, извршен маркетниг директор на Комерцијална банка во Србија

398030_tijana02fonetfoto-fonet_hfРодителите на малата Тијана, ако имаат полномоштво, а секако го имале, можеле да прават со парите од оваа сметка што сакаат, рекол Миличевиќ, кој објаснил и дека без да разговара со својата служба, не може да одговори дали по смртта на сопственикот на ваква сметка, каков што е овој случај, дали треба да има оставинска постапка, или не.

– Дискутабилно е дали парите на сметката која е отворена за да им помогне на родителите во лекувањето на девојчето, може да биде предмет на оставинска постапка, бидејќи средствата не се лична сопственост на девојчето, туку пари од добротворни донации собрани за нејзиното лекување. Во моментот кога таа намена е запрена, или кога девојчето почина, банката мора да ги блокира сметките и да ги врати парите на донаторите – вели адвокатот Вуковиќ и објаснува дека ниту средства на сметката на мајката не се средства на девојчето.

– Банката направила сериозен прекршок ако дозволила средствата од сметките со посебна намена да бидат префрлени на сметка на физичко лице, или на мајката. Овие средства од сметката на мајката мора да бидат вратени на наменската сметка, а самата банка треба овие средства да ги врати на донаторите – изјавил Вуковиќ.

Инаку таткото на девојчето, Небојша Огњановиќ го одбил барањето на актерот Сергеј Трифуновиќ да уплати 50.000 евра за лекување на малата Љубица Адамиќ, правдајќи се дека не може да го направи тоа бидејќи сметката е наменска.

Од она што вчера можело да се чуе во оставинската расправа, двете сметки кои се водат на име Тијана, се блокирани по смртта на девојчето, но родителите се уште можеле да располагаат со парите кои се префрлени на сметката на мајката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1