Шеролин Џексон била погребана на 3 август. Всушност, нејзиното семејство мислело дека ја погребува неа. Но, минатата недела таа се пријавила во болница за ментално здравје во Филаделфија, а на нејзиното шокирано семејство и на полицијата им преостанува да откријат кого всушност погребале!
Имено, 50 годишната Шеролин исчезнала кон средината на јули. На 20 јули бил пронајден женски труп. Смртта настапила природно. Нејзиниот син и социјален работник по црно беал фотографија од починатата жена потврдиле дека се работи за Шеролин. Нејзината мајка, Кери Мини, вели дека мож да се заколне дека жената што ја погребале била нејзината ќерка. Само носот и бил малку потесен, но мислеле дека тоа се случило во процесот на подготовка на телото за погреб.
Но, вистината е дека тие погребале друга личност! Шеролин на 16 август се пријавила во болница во Филаделфија, неколку недели откако била прогласена за исчезната и 13 дена откако нејзиното семејство мислело дека е закопана!
– Навистина има огромна сличност. Таа жена изгледаше како да и е сестра – вели 69 годишната Мини.
Дека жената која на 16 август сe појавила во болницата з аментално здравје е Шеролин, било потврдено преку отисоци од прстите. Нејзиниот син бил повикан и веднаш ја препознал.
– Рече – тоа е мојата мајка, направивме ужасна грешка – изјави портпаролот за здравство во Филаделфија, Џејмс Героу.
Шеролин е во болница. Нејзината мајка кусо разговарала со неа по телефон.
– Мислам дека не е свесна дека за неа бил организиран погреб. Јас сум пресреќна, но не можам да бидам сосема среќна кога знам дека таму е закопана нечија ќерка – вели мајката на Шеролин.
Закопаното тело ќе се ексхумира за да се направи точна идентификација.
KYW-TV од Филаделфија известуваше за погребот на исчезнатата жена. Сега тамошните медиуми се преполни со веста за неверојатната грешка!