„Ја уби па болката им ја лечи со пари“ – Писториус давал пари на родителите на неговата убиена девојка


Од март 2013 до септември 2014 година на Стекампови им исплаќал по 540 долари месечно, сега тие ќе ги враќаат парите

Семејството на Рива Стенкамп вели дека не сакаат никакви пари од јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус, кој беше осуден за нејзиното убиство. Детали за месечни готовински исплати направени од страна на Писториус до нив, и друга паушална сума, беа обелоденети на сослушувањето за изрекување пресудата кое е во тек. oscar-pistorius-re_2480635c

Стекампови ќе ги вратат парите, но нема да покренат граѓанска тужба.

Спортистот минатиот месец беше прогласен за виновен за убиство без предумисла на Стенкамп – но беше ослободен од обвинението за убиство.  На рочиштето за изрекување на пресудата мора да се донесе одлука дали да му биде изречена условна казна.  Одбраната тврди дека тоа би било несоодветно, но обвинителот Гери Нел во средата изјави дека пресудата за домашен притвор и општествено корисна работа „не може да се земе предвид“.  Ова рочиште за изрекување на казната се очекува да трае неколку дена, бидејќи обвинителството допрва треба да повика некои сведоци.

Прашањето со исплатите од страна на Писториус до семејството на Стенкамп првично беше покренато во судот во вторникот. Се покажа дека Стекампови ги прифатиле месечните исплати од 6.000 ранди (540 долари) од Писториус од март 2013 до септември 2014 година.

Во соопштението од адвокат Дуп де Брун, во име на семејството Стенкамп, од средата се вели: „Откако г-ца Стенкамп беше убиена… родителите се во финансиски проблеми.

„По кратко време ние бевме контактирани од адвокатите на Писториус со понуда дека нивниот клиент ќе придонесе со одредена сума… во трошоците за киријата и за живот на нејзините родители“.

Во соопштението се вели дека Де Брун, исто така, му пришол на правниот тим на Писториус околу можна граѓанска спогодба, и дал понуда за 34.000 долари.

„Кога родителите беа запознати со оваа понуда, тие внимателно ја разгледаа, но одлучија, од различни причини, дека не сакаат никакви исплати од Писториус“, стои во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1