Српската полиција потврдила дека завчера доцна попладне била убиена 24-годишната Марија Цимбал, а потоа нејзиното тело потоа било запалено.
Полицијата го пронајде телото на девојката во креветот, а околу неа имало траги на пожар, па првично се претпостави дека таа заспала со запалена цигара која ја опожарила постелнината од што таа се угушила. Но обдукцијата покажала дека девојката умрела со насилна смрт.
Полицијата го уапсила 29-годишниот В.В., нејзин познаник, а се претпоставува дека мотивот е користољубие, бидејќи често позајмувал пари од неа.