Судот во Њујорк прогласи виновен 75-годишен Пакистанец кој ја убил својата сопруга затоа што му зготвила леќа наместо оброк од месо кој го посакал.
Нур Хаусаин сметал дека имал право да ја дисциплинира својата 66-годишна сопруга со удари од дрвен стап кога видел дека наместо нарачаниот ручек од козјо месо таа му приготвила леќа, пренесува Макфакс.
Назар, инаку негова трата сопруга, со тоа не му искажала почитување и го навредила, појаснил Хусаин пред судот, каде што се утврдило дека со стапот тој ја „дисциплинирал” сопругата изминатите 15 години во нивниот стан во њујоршки Бруклин.
Судијата не ги прифатил аргументите на адвокатот дека станува збор за убиство од небрижност, па Хусеин се соочува со затворска казана од 25 години